Полско цвеќе
Како птица Мај ќе слета
кај вљубените,
Блазе им, а ние каде сме?
Како срце божур цвета,
во моето си
и нај мила и проклета ти.
Полско цвеќе млад нека ме покрие,
душа нек ми љубат облаци
кога неќеш ти.
Камо среќа да ми згаснат очиве,
ако врз тебе се послани
туѓи бакнежи.
Лесно и во крв и Бога
да се заколнам.
Како крвта да ја прегазам?
Женски солзи небо гледа,
но ќе запише
само кога маж ке заплаче!
© ex-yu музика
СВЪРЗАНИ СТАТИИ
КОМЕНТАРИ
Вашият коментар